Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
Одговорна институција за спроведување
Климатските промени ги рушат рекордите во зголемување на температурата и дење и ноќе и во се помалите врнежи на дожд. Во вакви услови пожарите можат многу полесно да се појават и многу побрзо да се рашират. Чести се случаите на палење оган на отворено од Роми или лица без документи кои тешко може да се казнат/спречат, а се извор на емисии на тешки метали. Палењето на огнови на отворено е иницијална каписла на пожарите и мора да се спречи. Затоа се предлагаат сет од акции со кои ќе се инвестира во превенција наместо во справување со последиците. Само еден пожар може да ги поништи сите придобивки од останатите мерки од овој план, како што беше пожарот во Треска (гореа меѓу другото и азбест и други канцерогени материјали).
Прогрес на имплементација
Превземени чекори
- подготовка на проценки/планови за управување со кризи;
- соработка со Центарот за управување со кризи кој одржува платформа за пожари и за проценка на штети;
- водење посебна евиденција за настанатите пожари, експлозии, интервенции за гаснење и интервенции за други настани според единствена методологија и известување на Дирекцијата за заштита и спасување и Градот Скопје за тоа;
- aктивна Противпожарна бригада на Град Скопје.
Планирани чекори
- воспоставување механизам за соработка со МВР за спречување/казнување на сторителите за палење оган на отворено и подобрени контроли насочени кон палење огнови на отворено;
- оплеменување на површините на кои се пали оган на отворено со реквизити/активности кои ќе ги привлечат жителите да ги користат локациите;
- секоја општина да има противпожарна единица (службена или волонтерска);
- организирање обуки за противпожарна заштита за различни категории граѓани;
- набавка/одржување на опрема на противпожарните единици;
- спроведување на кампањи за информирање на граѓаните за пожари.
Цел
0 пожари и огнови на отворено
Индикатори за следење на имплементацијата
- број на евидентирани огнови на отворено;
- број на пожари.
Одговорна институција за следење на имплементација
Град Скопје, Сектор за заштита и спасување
Дополнителни придобивки
Подобрено здравје на луѓето
Период на имплементација
Финансии
Буџет