Извештај од истражување на јавната свест за загадувањето на воздухот во сите 5 општини Анкетата беше спроведена во 2023 година
Секундарните аеросоли имаат најголем удел во текот на најстудените и најтоплите месеци, што е поврзано со високите нивоа на гасовити соединенија во зимските месеци и фото-хемиските процеси како резултат на високите температури во текот на летните месеци.
Најголем фокус од страна на локалните и централните власти треба да се стави на зголемувањето на свесноста на компаниите за придобивките од примената на мерките.
Пониските социјални групи се силно условени од финансиите и неможноста да вложат поголеми средства за реновирање или енергетска ефикасност, тие исто така потешко би направиле промена дури и кога финансиите не се пречка.
Зголемената побарувачка на инвертер клими и на печки на пелети за греење се должи првенствено на енергетската ефикасност на истите и можноста да се заштедат пари.
Субвенциите се дел од проактивните мерки кои дадоа соодветни резултати во последните неколку години.