Анализа на можностите за подобрување на постојното и развој на нови модели за субвенции за намалување на загадувањето на воздухот
ноември 10, 2020

Имајќи ја предвид моменталната состојба во земјата, пред се во однос на загаденоста на воздухот и фактот што животната средина стана еден од главните приоритети и предизвици за креаторите на политиките, од особен интерес се анализите на различните мерки и активности за намалување на загадувањето на воздухот. Во оваа насока, субвенциите се дел од проактивните мерки кои дадоа соодветни резултати во последните неколку години. Посебен предизвик кој досега ретко се анализираше е пристапот (потребите) на ранливите (економски) граѓани до мерки/субвенции поврзани со загадувањето на воздухот и подобрување на енергетската ефикасност. Ова е од огромно значење со оглед на фактот дека овие групи граѓани најчесто користат методи на греење кои придонесуваат за загадување на воздухот, поради недостиг на средства и супстандардни услови за живот. Дополнително, вклучувањето и анализата на овие категории граѓани е значајна и поради специфичните потреби кои произлегуваат од нивниот статус, како и поради тоа што ваквата анализа се карактеризира со тристран пристап: економски аспект – социјален аспект – аспект на заштита на животната средина.

Анализата на примарните податоци и информации се заснова на два столба:

Со горенаведеното е дадена солидна основа за дизајнирање рамка на заклучоци и препораки кои можат да придонесат во две насоки:

Повеќе информации во: Анализата на можностите за подобрување на постојното и развој на нови модели за субвенции за намалување на загадувањето на воздухот

Други содржини кои можеби ќе те интересираат