Истражување за енергетска ефикасност и практики на загревање на претријатијата во Скопје
декември 23, 2020

Анкетата е спроведена врз вкупно 1004 мали и микро компании на територијата на град Скопје, со фокус на компаниите кои работат во дејноста Преработувачка индустрија. Во однос на предложените мерки за енергетска ефикасност, а со цел да се намали загадувањето на воздухот во Град Скопје, фокусот е ставен на три типови на мерки: мерки насочени кон објектот и неговите елементи (надворешна обвивка), мерки насочени кон системот за греење, ладење и вентилација и мерки насочени кон производствениот процес.

Од анализата на резултатите од анкетата очигледно е дека со примена на предложените мерки, компаниите можат да влијаат позитивно на животната средина. Најголем позитивен ефект имаат мерките поврзани со начинот на греење и обновливите извори на енергија, додека кај подгрупата на компании кои имаат и производствени капацитети, најголем ефект имаат промени во процесот на производство, како најдоминантен потрошувач на енергија.

Погледнете го Извештајот од истражување за енергетска ефикасност и практиките на загревање на микро и мали претпријатија во Скопје.

Други содржини кои можеби ќе те интересираат