Регионален симпозиум за енергетска ефикасност на зградите
јуни 1, 2023

UNDP-енергија

Во периодот од 30 до 31 мај 2023 година, во Белград, Србија се одржува регионален симпозиум на знаење на тема „Енергетска ефикасност на зградите во регионот на Балканот“. Симпозиумот, организиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со поддршка од владите на Германија и Словачка и владата на Јапонија во рамките на иницијативата на УНДП “Климатско ветување”, ги собра претставниците на владите, финансиските институции, меѓународните организации, приватниот секторот и академската заедница. Целта на настанот беше да се поддржат Србија и земјите од Западен Балкан+ регионот, да го забрзаат спроведувањето на мерките за енергетска ефикасност во зградите кои помагаат да се намалат трошоците за снабдување со енергија, да се ублажат климатските промени и да се заштити животната средина и здравјето на граѓаните.

Aleksandra-Dimova-simpozium

На симпозиумот зборуваше и Александра Димова Манчевска, проектна менаџерка во канцеларијата на УНДП во Северна Македонија, на темата ” Како можат земјите да постигнат промена во однесувањето за да ја намалат побарувачката на енергија и да стимулираат поефикасна употреба на енергија на ниво на индивидуален потрошувач”.

Целосната дискусија од двата дена на симпозиумот можете да ја погледнете тука.

Други содржини кои можеби ќе те интересираат