Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
Одговорна институција за спроведување
Градот Скопје и општините во Скопскиот регион инвестираат во рамките на своите можности за подобрување на енергетска ефикаснот и начинот на греење во објектите кои се во нивна надлежност. И покрај тоа, регистарот на начин на греење во јавни објекти покажува дека се уште има 22 објекти во Скопскиот регион кои користат нафта за греење (најчесто градинки и училишта). Кај некои треба да се смени само начинот на греење, но кај некои објекти треба повеќе интервенции. Потребна е поддршка од Владата и од донаторската и меѓународната заедница за успешно спроведување на оваа мерка.
Прогрес на имплементација
Превземени чекори
- подобрување на енергетската ефикасност во објектите под надлежност на Град Скопје и општините.
Планирани чекори
- подготовка за план на замена на начинот на греење на објектите кои користат нафта, со дополнителни мерки (ако има потреба) и детална финансиска конструкција;
- соработка со Владата, донаторската и меѓународната заедница;
- истражување на иновативни начини за финансирање, како crowdfunding;
- поставување на информативни табли со сензори од мерката бр.13 “Градска” мониторинг мрежа за чист воздух, со цел родителите да се информираат каков водух дишат нивните деца;
- меѓуопштинска соработка за чист воздух – општини шампиони (како Карпош) кои на иновативен начин го решиле греењето во вакви објекти, да го споделат своето знаење и искуство со другите општини.
Цел
0 јавни објекти што користат нафта за греење
Индикатори за следење на имплементацијата
- број на објекти кои се греат на нафта
Одговорна институција за следење на имплементација
Град Скопје
Дополнителни придобивки
- подобрување на квалитетот на воздухот во објектите.
Период на имплементација
Финансии
Буџет