Подобрување на локалната регулатива за чист воздух
0%
септември 22, 2022
Оцени ја мерката
Тип
Регулаторна
Сектор
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
CONONO2NOxPM10PM2.5SO2
Одговорна институција за спроведување
Град СкопјеОпштините во Град Скопје

Законската основа за квалитет на воздух е дадена во националната легислатива. Сепак, општините имаат различни надлежности за кои не секогаш постои соодветна регулатива, или истата треба да се ревидира. Оваа мерка има за цел да ја олесни имплементацијата на Планот со цел да се подготват различни регулаторни прописи/правилници/одлуки и сл. кои ќе овозможат негова ефективна и ефикасна имплементација.



Прогрес на имплементација

Превземени чекори
  • Подготовка на План за квалитет на воздухот на Скопскиот плански регион
Планирани чекори
  • донесување/поддршка на забрана за греење на јаглен и забрана за користење на јаглен во рестораните;
  • донесување/поддршка на закон за оџачарски работи;
  • уредба за задолжително приклучување на централно греење каде што истото постои;
  • во соработка со научната заедница подготовка на анализа за придобивките од задолжителен централен систем на греење и ладење на ниво на зграда (во зависност од катноста);
  • правилник за зелени паркинзи;
  • обезбедување на примена на Законот за урбано зеленило (најмалку 20 % зеленило на секоја градежна парцела);
  • во соработка со стручната заедница подготовка на анализа за воведување на еко такси (во зоните со ниски емисии за почеток)
  • олеснување на процедурите за соработка со ЕСКО компании;
  • донесување/поддршка на постапка за формирање на енергетски заедници.
Цел
усвојување на најмалку 10 регулаторни документи на општинско ниво
Индикатори за следење на имплементацијата
  • број на усвоени регулаторни документи
Одговорна институција за следење на имплементација
Град Скопје
Дополнителни придобивки
  • поедноставени процедури и услуги за жителите;
  • олеснување на имплементација на останатите мерки.
Период на имплементација
Финансии
Буџет