Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
Одговорна институција за спроведување
До чист воздух се стигнува со инвестиции, а ниту градот, ниту општините немаат доволно подготвени инвестициски проекти со кои би можеле да обезбедат ефективна соработка со меѓународните финансиски организации и обезбедување на потребните финансиски средства за спроведување на проектите. Потребно е да се подготват добро аргументирани и соодветно образложени инвестициски планови со кои би се подобрил квалитетот на воздух, проследени со специфични проектни пакети и техничка и финансиска документација, засновани на детални студии на економска оправданост со високи стандарди и критериуми.
Прогрес на имплементација
Превземени чекори
- Општина Карпош има подготвен детален ивестициски проект за проширување на урбанизацијата на Зајчев рид, која вклучува централно греење на ниво на населба со биомаса.
Планирани чекори
- формализирање на соработка со научната заедница, финансиски институции и донаторската заедница со цел да се идентификуваат и подготват инвестициски проекти со кои ќе се овозможи развој на Скопскиот регион со ниски емисии;
- да се зајакне координацијата помеѓу сите институционални чинители;
- да се зајакне институционалниот човечки капацитет за програмирање (Investment pipeline) и спроведување на инвестициските проекти;
- да се подготват добро аргументирани и соодветно образложени инвестициски планови покривајќи најмалку 4 или 8 и повеќе години проследени со специфични проектни пакети и техничка и финансиска документација (засновани на детални студии на економска оправданост кои е пожелно да се подготвуваат со финансиски средства и под директен надзор односно контрола на квалитет од страна на донаторите и МФО бидејќи во суштина треба да ги задоволат нивните ригорозни насоки, стандарди и критериуми);
- да се објективизираат очекувањата од општините земајќи ја предвид нивната финансиска (не) моќ во моментов да одиграат позначајна улога во намалувањето на аерозагадувањето со овој степен на фискална децентрализација и одговорноста за обезбедување на неопходните финансиски средства барем на среден рок да продолжи да ја носи државата;
- Да се унапреди менаџментот на јавни претпријатија со акцент на сметководственото работење а со цел да се исполнат најдобрите меѓународни сметководствени стандарди и да имаат кредибилни бизнис планови со кои би се докажала подготвеност за враќање на заемите.
Цел
Најмалку еден инвестициски проект по општина
Индикатори за следење на имплементацијата
- број на подготвени инвестициски проекти;
- број на инвестициски проекти кои започнале со имплементација.
Одговорна институција за следење на имплементација
Град Скопје
Дополнителни придобивки
Период на имплементација
Финансии
Буџет