Организирање на “зелени” настани/манифестации
0%
септември 21, 2022
Оцени ја мерката
Тип
Техничка
Сектор
Култура
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
CONONO2NOxPM10PM2.5SO2
Одговорна институција за спроведување
Град СкопјеОпштини во Скопски регион

Летниот период е време кога сите општини организираат разни фестивали/манифестации. Тие знаат да бидат вистинска еколошка бомба, особено ако се придружени со огномет. Отворените површини на кои ваквите настани најчесто се организираат, знаат да бидат непрепознатливи по настанот. Потребно е сосема да се ревидира концептот на нивно организирање.



Прогрес на имплементација

Превземени чекори
Планирани чекори
  • дизајнирање и усвојување на еколошки стандарди за организирање на настани на отворено;
  • промоцијата на “дојди пеш/со велосипед” концептот;
  • дизајнирање на мерки за мотивација на граѓаните да создаваат/креираат што помалку отпад на настаните (бесплатно пиво за чаша пикавци, поврат на сумата за билетот за полна вреќа отпад, и сл.);
  • настан без огномет (може да се замени со светлечки ефекти);
  • 0 пластика за една употреба.
Цел
најмалку 10 настани организирани со примена на еколошки стандарди
Индикатори за следење на имплементацијата
  • број на настани организирани со примена на усвоените еколошки стандарди
Одговорна институција за следење на имплементација
Град Скопје
Дополнителни придобивки
  • подобрено здравје на луѓето;
  • помалку отпад.
Период на имплементација
Финансии
Буџет