Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
Одговорна институција за спроведување
Цел на оваа мерка е намалување на загадувањето од воздухот од дистрибутивните компании, такси возилата и јавниот превоз, кои највеќе се движат низ урбаните делови на градот. Нема евиденција колку и какви возила се користат за дистрибуција, а нивниот број по КОВИД пандемијата е зголемен како резултат на побројните електронски нарачки. Град Скопје издава лиценци за такси возилата кои освен што загадуваат, најчесто се стари и небезбедни учесници во сообраќајот. Дел од јавниот превоз е во рамките на јавно претпријатие во надлежност на Град Скопје, но има и приватен јавен превоз кој има ниски стандарди во однос на квалитетот на возниот парк. Оваа мерка е можеби најскапа и најтешка за имплементирање.
Прогрес на имплементација
Превземени чекори
- Град Скопје доделува лиценци на такси возила;
- дел од јавниот превоз е во надлежност на Јавното Претпријатие ЈСП на Град Скопје;
- МВР го одржува регистарот на возила во државата.
Планирани чекори
- воспоставување формална соработка со МВР за добивање евиденција на бројот на возила кои се користат за дистрибуција на стоки/храна/материјали;
- обезбедување определено време и определување на “рути со најниски емисии” за достава на стоки/храна/материјали доставата со возила со ниски емисии;
- олеснување на процедурата за добивање дозволи за компании кои дистрибуцијата ја прават со велосипеди или возила со ниски емисии;
- реформирање на политиката за издавање лиценци за такси возила со цел да се воведат одредени минимални еколошки стандарди за возилата и да се осигура нивна замена со возила со ниски емисии, како на пр. хибридни или електрични возила;
- обезбедување поддршка во вид на субвенција за промена на такси возило (за дел од сумата);
- обнова на возниот парк на ЈСП со возила со ниски емисии и мали автобуси кои ќе возат по рути со помала концентрација на патници (дизајнирање на нови рути)
- истражување на можноста секоја општина да организира превоз на деца во училиште со возила со ниски емисии.
Цел
Сите 7 чекори да се спроведат барем 50%
Индикатори за следење на имплементацијата
- број на имплементирани активности од оваа мерка
Одговорна институција за следење на имплементација
Град Скопје
Дополнителни придобивки
- намалување на сообраќајниот метеж
- поголема безбедност во сообраќајот.
Период на имплементација
Финансии
Буџет