Горењето јаглен во грејните тела во домаќинствата постепено може целосно
да се забрани, затоа што горењето јаглен произведува и ослободува многу
штетни материи во самите домови, но и во атмосферата.
Се намалува изложеноста на загадувачки супстанции и во самите домови
Мерката предвидува мали административни трошоци за мониторинг и
спроведување на забраната. За таа цел, можеби ќе има потреба од
вработување на дополнителни инспектори за животна средина, меѓутоа
ваквите трошоци веројатно би биле мали.
Трошоците за усогласување со мерката паѓаат на товар на домаќинствата,
кои треба да се префрлат од греење на јаглен, што претставува многу евтин
огревен материјал, на друг начин на греење како на пр. централно парно
греење. Ова значи инвестиција за поставување нов систем за централно
греење во нивните домови, како и плаќање повисока цена по единица на
греење. Со податоците за бројот на домаќинства врз кои потенцијално би се
одразило ова може да се пресметаат вкупните трошоци за
усогласување со мерката, односно инвестициските трошоци за нови
приватни инсталации за греење кај просечното домаќинство, како и
разликата во цена помеѓу јагленот и новиот метод на греење по единица на
греење.