Знаењето е наш најголем ресурс. Можеме ефикасно да се справиме со секој предизвик, ако имаме соодветно знаење и ако сме информирани на транспарентен начин за причините. Технологијата се развива со исклучително брзо темпо, и потребно е да се следат новите практики или добри искуства на другуи држави кои успешно го решиле проблемот со квалитеот на воздух. Потребно е вработените во општините, Градот Скопје и јавните претпријатија да бидат обучени и едуцирани со проблематиката за да можат ги реализираат потребните промени од овој План. Било кој градоначалник не може (и не треба) сам да го решева проблемот со квалитет за воздух, потребен е заеднички напор и соработка на сите вработени. Од друга страна, нивната работа бара голема транспарентност кон јавноста и соработка со многу чинители.