Едукативни кампањи
0%
октомври 3, 2025
Оцени ја мерката
Тип
Јавна свест
Сектор
Повеќесекторски
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
5CONMVOCPM10PM2
Одговорна институција за спроведување
Општина Струмица

Според Истражувањето за перцепцијата на амбиентниот воздух 66 % од испитаниците во Општина Струмица се изјасниле загадувањето на воздухот претставува голем проблем во нивниот град, и 75 % од испитаниците изразиле лична загриженост за последиците врз здравјето што ги предизвикува или би можело да ги предизвика загадувањето на воздухот во градот. Од друга страна, 11 % сметаат дека огревното дрво како енергенс влијае на загадување на воздухот, што укажува на потребата од воведување сериозни и континуирани информативни стратегии на Општината за подигнување на јавната свест за користењето на овој енергенс. Граѓаните на Општина Струмица се во недоволно свесни за штетноста од користење јаглен (46 %), додека, пак, за нафтата се изјасниле дека е штетна во 59 %, а за горењето на отпадни материи во 86 % од случаите.

89 % од интервјуираните жители на Струмица изјавиле дека досега никогаш не аплицирале на повик во кој се доделуваат субвенции за енергетски ефикасни решенија, а како најчеста причина за тоа се јавува неинформираноста во 27 %.



Прогрес на имплементација

Превземени чекори
Планирани чекори

Чекор 1 Формирање Интерсекторска работна група на Општината за креирање на Планот за подигнување на јавната свест. Интерсекторската работна група треба да содржи претставници од областа на здравството, социјалната заштита, младите, НВО, животна средина, земјоделство, образование, стратешко планирање, еднакви можности на жените и мажите, отпад.
Чекор 2 Дефинирање на динамиката на работа на групата.
Чекор 3 Избор на објекти и целни групи. Изработка на Планот за подигнување на јавната свест за квалитетот на воздух во Општината.
Чекор 4 Имплементација на активностите на планот.
Чекор 5 Мерење на степен на реализација на мерката (број и вид на активности/ број/пол/ на учесници на активностите.

Цел
1000 граѓани
Индикатори за следење на имплементацијата

➢ број на слушатели;

Одговорна институција за следење на имплементација
Општина Струмица
Дополнителни придобивки
Период на имплементација
долгорочно
Финансии
Буџет
61.000 ден/настан 10 настани - 610.000 денари