Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
Одговорна институција за спроведување
Секој септември се организира недела на електромобилност, секој 22 септември е ден без автомобили за едвај два часа. Општина Аеродром за прв пат затвори една улица за автомобили во недела. Оваа мерка предвидува барем еден вистински ден без автомобили годишно во секоја општина а дали тоа ќе биде една улица, една населба, или цела општина/град, ќе реши секоја општина.
Прогрес на имплементација
Превземени чекори
- недела на мобилност и ден без автомобили.
Планирани чекори
- одредување на термин(ите) за ден без автомобили;
- воспоставување на формална соработка со младите и невладиниот сектор со цел да се организираат активностите во овие денови;
- информирање на јавноста за настанот, за придобивките и за резултатите (колку тој ден емисиите во воздухот се разликувале од претходниот ден и сл.)
Цел
најмалку 1 ден без автомобили годишно во секоја општина (најмалку една затворена улица за сообраќај 24 часа)
Индикатори за следење на имплементацијата
- број на денови без автомобил годишно по општина
- вкупен број на денови без автомобил
Одговорна институција за следење на имплементација
Град Скопје
Дополнителни придобивки
Период на имплементација
Финансии
Буџет
1,000,000 денари