Промоција на добри практики за чист воздух
0%
септември 22, 2022
Оцени ја мерката
Тип
Јавна свест
Сектор
Комуникација
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
CONONO2NOxPM10PM2.5SO2
Одговорна институција за спроведување
Град СкопјеОпштини во Скопски регион

Кој е најсоодветен начин на греење за мојот дом? Од кој производител да купам печка на пелети/топлотна пумпа? Дали треба прво да ставам изолација на куќата па да купам топлотна пумпа?Колку ќе ме чини новиот начин на греење со новиот начин на пресметка на потрошувачката на електрична енергија? Ова се само дел од прашањата кои жителите на Скопскиот регион си ги поставуваат и не секогаш можат брзо и едноставно да најдат одговор на нив. Затоа е потребно да се идентификуваат добри примери од Скопје, кои ќе бидат споделени со јавноста, искуства на различни семејства во однос на загревање на нивните домови, на пример жителите од Лисиче кои добија поддршка во рамките на проектот “Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје”, кои останати семејства ќе можат да ги реплицираат во своите домови. Исто така, исклучително важна е соработката со медиумите и експертската заедница со цел јасно да се информираат жителите како нивниот избор и однесување влијае на локалниот квалитет на воздухот.



Прогрес на имплементација

Превземени чекори
  • Информирање на граѓаните во центарот за енергетска ефикасност во Град Скопје.
Планирани чекори
  • прашај енергетски контролор – воспоставување формална соработка со енергетски контролори и дизајнирање активност, со цел најмалку еднаш месечно да се обезбеди простор на електронски медиум (на пр.платформата mk) или во живо, каде жителите ќе  можат да добијат одговор од екперти во однос на загревањето на своите домови, подобрување на енергетската ефикасност, инсталирање на фотоволтаици и сл.;
  • најдобри истражувачки новинарски приказни – дефинирање на критериуми и комисија за доделување годишни награди за три најдобри/најчитани истражувачки приказни за ЧИСТ воздух;
  • транспарентни податоци и соработка со медиуми - улогата на медиумите е огромна во пренесување на стекнатото знаење и добри практики. Тие можат да најдат добри „приказни“ од секојдневниот живот и да ги пренесат до јавноста. Сите податоци поврзани со квалитетот на воздух, треба да бидат транспарентно објавени на една платформа (на пр.платформата mk);
  • дизајнирање и дистрибуирање на информативни материјали;
  • “Еден ден за чист воздух” – еднаш месечно, едно младо лице ќе помине еден работен ден со вработен во општина и ќе работи на подобрување на квалитетот на воздух. Потребно е иницијативата да се дизајнира и спроведе во сите општини во Скопскиот регион, и да покрие различни сектори (животна средина, енергетска ефикасност, воздух и сл.).
Цел
најмалку 50 добри практики за чист воздух
Индикатори за следење на имплементацијата
  • број на добри практики објавени на одбраната платформа.
Одговорна институција за следење на имплементација
Град Скопје
Дополнителни придобивки
  • подобра информираност на граѓаните за предизвиците со кои се соочуваат вработените во локалната администрација.
Период на имплементација
Финансии
Буџет
3,000,000 денари