Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
Одговорна институција за спроведување
Додека останатите мерки се фокусираат на граѓаните, оваа мерка се фокусира на процедурите и услугите кои ги обезбедува Град Скопје, општините во Скопскиот регион и јавните претпријатија под нивна надлежност. Оваа мерка дава насоки како да се реформираат одредени услугите на Град Скопје со цел да се подобри квалитетот на воздухот.
Прогрес на имплементација
Превземени чекори
- Центарот за иновации на Град Скопје – СкопјеЛаб беше основан од страна на УНДП и Град Скопје како прв центар за иновации во јавен сектор во склоп на јавна институција на Балканот. Скопје – Лаб даде значаен придонес во реформата на услугите на Град Скопје со примена на поинаков, иновативен и експериментален пристап во подобрување на услугите на Градот за полесно да се одговори на барањата на граѓаните. СкопјеЛаб веќе не е функционален.
Планирани чекори
- ревидирање на критериумите за добивање на градежни дозволи (поставување повисоки стандарди за греење и ладење, поставување на централни системи за греење и ладење во објекти над одредена катност, енергетска ефикасност, боја на фасада, кров и сл) и во таа насока одредување на висината на комуналиите/данокот за објектот. Пример: тековната цена за комуналии за нов објект да се плати ако се исполнети условите за 20% зеленило. Со следниве три мерки, таа сума може да се намали за вкупно 15%. Ако на парцелата е засадено некое од следните дрвја (липа, јасен, платан, јавор и бор) се намалува сумата за комуналии 5%, ако објектот има бел кров се намалува за уште 5% и ако има бела фасада за уште 5%. Ако на парцелата има помалку зеленило од предвидените 20% се плаќаат комуналии зголемени за 10%. Ако кровот е во друга боја уште 10% и ако фасадата е во друга боја уште 10% (вкупно плус 30 “казнени” проценти за комуналии). Сличен принцип може да се примени и понатаму на данокот за имот, со цел да се спречи да се намали зелената површина и потребните карактеристики;
- ревидирање на стандардите за улици, тротоари, паркинзи и сл. со цел да бидат површини кои рефлектираат топлина наместо да апсорбираат и се водо-пропустливи (бел асфалт наместо црн, боење на асфалтните површини со бела боја, садење на дрвја и сл.);
- вклучување на енергетската ефикасност во јавните набавки поврзани со системите за греење и ладење и објекти (дозволи за градење, даноци и сл.);
- воспоставување на стандарди за комбинирање на греење и ладење како најефикасен начин на потрошувачка на енергија;
- интеграција на локалните политики за подобрување на квалитетот на воздухот со другите политики (пр. со климатски промени и здравје);
- моделирање на квалитетот на воздух (сценарија за намалување на емисиите со планираните мерки) во соработка со научниот сектор.
Цел
најмалку една ревидирана процедура/услуга во Град Скопје и секоја од општините
Индикатори за следење на имплементацијата
- број на ревидирани процедури/услуги.
Одговорна институција за следење на имплементација
Град Скопје
Дополнителни придобивки
- поголема доверба на граѓаните во институциите.
Период на имплементација
Финансии
Буџет