Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
Одговорна институција за спроведување
Градот Скопје и општините континуирано работат на подобрување и зголемување на пешачките и велосипедските зони. Должината на велосипедски патеки во Скопје надмина 115 километри. Се уште треба да се работи на нивно поврзување и зголемување, подобрување на безбедноста, отстранување на урбаните бариери/возила и поставување безбедни локации за паркирање велосипеди. Пешачки зони има малку, а и тие се узурпирани од возила, тераси на ресторани и сл. Зона со ниски емисии не постои во Скопскиот регион.
Прогрес на имплементација
Превземени чекори
- над 115 км велосипедски патеки.
Планирани чекори
- блиска соработка во невладиниот сектор и граѓаните за дизајнирање на активностите;
- зголемување на велосипедската мрежа;
- дизајнирање и изградба на велосипедски коридори за поврзување на урбаните и руралните подрачја на Скопскиот регион;
- подобрување на безбедноста на велосипедските патеки и отстранување на урбаните бариери/возила;
- поставување безбедни локации за паркирање велосипеди (види и мерка бр.11 Зелени паркинзи);
- одредување на локации за пешачки зони во секоја општина, нивно дизајнирање и имплементација;
- дизајнирање на нови населби според “секаде можам да стигнам пешки” принципот;
- одредување на локации за зони со ниски емисии во секоја општина, и дефинирање на стандарди);
- дизајнирање на зоните со ниски емисии и имплементација;
- вклучување на бизнис заедницата во воспоставувањето на зоните на ниски емисии (на пр. бесплатен интернет на јавните површини кога емисиите се под граничните вредности и сл.).
Цел
најмалку 300 км велосипедски патеки и најмалку една зона со ниски емисии во секоја општина
Индикатори за следење на имплементацијата
- км безбедни и проодни велосипедски патеки;
- број на зони со ниски емисии;
- површина на зони со ниски емисии во m2.
Одговорна институција за следење на имплементација
Град Скопје
Дополнителни придобивки
- побезбедна рекреација и мобилност на граѓаните;
- подобрен квалитет на живот.
Период на имплементација
Финансии
Буџет