Заедно до чиста индустрија
0%
септември 13, 2022
5/5 - 1 гласови
Тип
СубвенцијаТехничка
Сектор
Индустрија
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
CONONO2NOxPM10PM2.5SO2
Одговорна институција за спроведување
Град СкопјеОпштини во Скопски регион

Општините и Градот Скопје издаваат Б ИСКЗ дозволи на инсталации, како и елаборати за заштита на животната средина за помали “загадувачи”. Овие инсталации не се транспаретно поставени во еден регистар. Иако пред добивање на дозволата се дефинирани мерки за заштита на животната средина, контроли на истите не се прават редовно. За таа цел, потребно е да се предложат специфични мерки за намалување на загадувањето на воздухот од страна на инсталациите со Б ИСКЗ дозволи и да се прави редовна контрола на нивните емисии.



Прогрес на имплементација

Превземени чекори
  • воспоставена постапка за издавање Б ИСКЗ дозволи и елаборати за заштита на животната средина.
Планирани чекори
  • остварување на најмалку две средби годишно меѓу општините и инсталациите со цел да се дефинираат дополнителни мерки за чист воздух кои ќе бидат најефикасни;
  • изработка на регистар на инсталации кои имаат добиено Б ИСКЗ дозвола или елаборат и негово редовно одржување;
  • редовни контроли на инсталациите;
  • дизајнирање на систем за финансиска мотивација/субвенции за инсталациите и малите претпријатија за да преминат на греење што не загадува;
  • воспоставување на формална соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, со цел да се овозможи тестирање/примена на технолошки решенија кои ја добиле нивната поддршка;
  • идентификување на шампиони во верификувано намалување на емисии и воспоставување на систем за наградување.
Цел
Најмалку 100 контроли на инсталациите во Скопскиот регион кои имаат издадена Б ИСКЗ дозвола или елаборат за заштита на животната средина.
Индикатори за следење на имплементацијата
  • Број на контроли;
  • Број на издадени казни/опомени;
  • Број на адресирани казнени мерки/опомени.
Одговорна институција за следење на имплементација
Град Скопје, општините во Скопскиот регион, сектор - Инспекторат на град Скопје и овластени (општински) комунални инспектори во општините во Скопскиот регион.
Дополнителни придобивки
  • Намалување на емисиите на стакленички гасови.
Период на имплементација
Финансии
Буџет