Еден милион дрвја за Скопје – урбани шуми
0%
септември 13, 2022
Оцени ја мерката
Тип
Техничка
Сектор
Зеленило
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
CONONO2NOxPM10PM2.5SO2
Одговорна институција за спроведување
Град СкопјеЈП Паркови и зеленилоОпштини во Скопски регион

Воздухот е ограничен ресурс. Кислородот кој го дишеме го создаваат дрвјата. Што и да направи човекот за да го прочисти воздухот, не може да се спореди со природата, која еволуирала милијарди години во насока на создавање оптимален квалитет на воздух. На Скопје му треба чист воздух а дрвјата го прочистуваат воздухот и “произведуваат” кислород. На Скопје му треба ветар, кој е блокиран од високи згради или несоодветно изградени објекти/комплекси. Вистински дрвја, насадени на правилен начин, можат да ги “фатат” и најмалите струења на воздух и да ги засилат. Зелениот катастар брои 142,537 дрвја и грмушки (само во надлежност на Градот Скопје, вкупниот број не се знае). Податоците од зелениот катастар овозможија анализа на дрвјата во Скопје: кои највеќе се оштетуваат и не треба да се садат (индиски јоргован, дива маслинка, врба, топола, каталпа), и кои видови дрвја се препорачуваат да се садат бидејќи најдобро успеаат во Скопје и имаат најдобри еколошки карактеристики (липа, јасен, платан, јавор и бор). Затоа на Скопје му требаат урбани шуми, не трева и украсни садници.  Оваа мерка треба да биде заедничка акција помеѓу градот, локалните заедници, бизнисите и граѓаните, и ќе обезбеди долгорочно партнерство со цел да се засадат 1.000.000 нови дрвја низ Скопје. Акцијата треба да ги опфати сите слободни места кои моментално се голини или имаат грмушки и неквалитетни дрвја, како и просторот покрај улиците.



Прогрес на имплементација

Превземени чекори
  • формиран Зелен катастар на Град Скопје;
  • подигнати над 300.000 м2 дополнително зеленило;
  • воспоставена формална соработка со Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“;
  • дрво за секое новороденче.
Планирани чекори
  • продолжување на соработката со Факултетот Ханс Ем и останата научната заедница со цел плански да се реализира оваа мерка;
  • “изградба” на зелени коридори
  • планско одгледување на садници од потребните дрвја;
  • јакнење на знаењето на вработените во ЈП Паркови и зеленило;
  • организирање теренски и едукативни работилници за промовирање на правилно садење и одржување на дрвја;
  • соработка со невладиниот сектор за дизајнирање и промиција на оваа мерка;
  • организирање натпревар во садење дрва, дизајниран за да им помогне на луѓето да се едуцираат за соодветни начини за садење дрвја, како и за придобивките од урбаните шуми за заедницата. Овие натпревари може да се организираат и помеѓу средните и основите училишта во Скопје, или пак помеѓу вработените во различни државни институции;
  • бесплатни дрвја за вашиот двор – за сите граѓани кои ќе изразат подготвеност да ги засадат и да се грижат за дрвјата во првите неколку години ќе им биде овозможено да добијат бесплатни садници. Покрај садниците на секој кој ќе биде дел од оваа програма ќе му биде одржана кратка обука и ќе му биде дадено упатство како да се грижи за дрвјата кои ќе ги засади.
  • дизајнирање на Програма за посвојување на ледина. Целата на оваа програма е да се поттикнат граѓаните за да се посадат повеќе дрвја на голите земјените површини до улиците или околу зградите. Оваа програма треба да им овозможи на групите граѓани да ја преземат одговорноста за садење на дрвјата и одржување на истите. Групите можат или самите да ги финансираат дрвните насади, или во согласност со одредени правила да добијат средства или садници од специјално креиран фонд за таа намена;
  • остварување соработка со приватни фирми, фондови, донатори и меѓународната заедница со цел финансиска поддршка за реализација на оваа мерка.
Цел
1 милион дрвја во урбани шуми
Индикатори за следење на имплементацијата
  • Број на дрвја во зелениот катастар
Одговорна институција за следење на имплементација
ЈП Паркови и зеленило
Дополнителни придобивки
  • Намалување на топлотните острови во градот;
  • Елиминарање на минерална прашина од оголени површини;
  • Подобрување на квалитетот на живот на жителите во Скопскиот регион.
Период на имплементација
Финансии
Буџет
3.077.000.000