Вонредни контроли на инсталациите со А и Б ИСКЗ дозволи
0%
септември 22, 2022
Оцени ја мерката
Тип
Техничка
Сектор
Индустрија
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
CONONO2NOxPM10PM2.5SO2
Одговорна институција за спроведување
Град СкопјеОпштини во Скопски регион

Општините и Градот Скопје издаваат Б ИСКЗ дозволи на инсталации, како и елаборати за заштита на животната средина за помали “загадувачи”. Овие инсталации не се транспаретно поставени во еден регистар. Иако пред добивање на дозволата се дефинирани мерки за заштита на животната средина, контоли на истите не се прават редовно. За таа цел, потребно е да се предложат специфични мерки за намалување на загадувањето на воздухот од страна на инсталациите со Б ИСКЗ дозволи и да се прави редовна контрола на нивните емисии.



Прогрес на имплементација

Превземени чекори
  • Град Скопје одобри набавка на 100 сензори кои ќе мерат извори на загадување и ќе ја формираат првата градска мрежа за мерење на квалитет на воздух;
  • воспоставена постапка за издавање Б ИСКЗ дозволи и елаборати за заштита на животната средина.
Планирани чекори
  • вонредни контроли на инсталациите со Б ИСКЗ дозволи во текот на најзагадените месеци, со цел да се види дали ги исполнуваат критеруимите дефинирани во дозволата и дополнителни мерки за чист воздух дефинирани во мерка бр.4 Заедно до чиста индустрија;
  • користење на буџетот од казните за имплементација на мерките од овој план.
Цел
Број вонредни контроли
Индикатори за следење на имплементацијата
  • број на вонредни контроли годишно;
  • број на казни
  • вкупен износ на казни (во денари).
Одговорна институција за следење на имплементација
Град Скопје
Дополнителни придобивки
  • намален број на денови со надминување на граничните вредности за квалитет на воздух.
Период на имплементација
Финансии
Буџет
100,000 денари