0 јавни објекти што користат нафта за греење
0%
септември 22, 2022
Оцени ја мерката
Тип
Техничка
Сектор
Енергетика
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
CONONO2NOxPM10PM2.5SO2
Одговорна институција за спроведување
ВладаГрад СкопјеОпштини во Скопски регион

Градот Скопје и општините во Скопскиот регион инвестираат во рамките на своите можности за подобрување на енергетска ефикаснот и начинот на греење во објектите кои се во нивна надлежност. И покрај тоа, регистарот на начин на греење во јавни објекти покажува дека се уште има 22 објекти во Скопскиот регион кои користат нафта за греење (најчесто градинки и училишта). Кај некои треба да се смени само начинот на греење, но кај некои објекти треба повеќе интервенции. Потребна е поддршка од Владата и од донаторската и меѓународната заедница за успешно спроведување на оваа мерка.



Прогрес на имплементација

Превземени чекори
  • подобрување на енергетската ефикасност во објектите под надлежност на Град Скопје и општините.
Планирани чекори
  • подготовка за план на замена на начинот на греење на објектите кои користат нафта, со дополнителни мерки (ако има потреба) и детална финансиска конструкција;
  • соработка со Владата, донаторската и меѓународната заедница;
  • истражување на иновативни начини за финансирање, како crowdfunding;
  • поставување на информативни табли со сензори од мерката бр.13 “Градска” мониторинг мрежа за чист воздух, со цел родителите да се информираат каков водух дишат нивните деца;
  • меѓуопштинска соработка за чист воздух – општини шампиони (како Карпош) кои на иновативен начин го решиле греењето во вакви објекти, да го споделат своето знаење и искуство со другите општини.
Цел
0 јавни објекти што користат нафта за греење
Индикатори за следење на имплементацијата
  • број на објекти кои се греат на нафта
Одговорна институција за следење на имплементација
Град Скопје
Дополнителни придобивки
  • подобрување на квалитетот на воздухот во објектите.
Период на имплементација
Финансии
Буџет