Иако и општините и Градот Скопје можат да направат своја мрежа за мониторинг за квалитетот на воздух, тоа до сега не беше пракса, најмногу заради големите трошоци за нејзино воспоставување и одржување. За мерење на квалитетот на воздухот во Скопскиот регион се користи мрежата на МЖСПП и повремено мерење со инструменти на компании за потреба на подготовка на студии, истражувања, подготовка на катастар на загадувачи и сл. Невладиниот сектор и граѓаните се организираа со поставување на неформална мрежа на сензори, која во комбинација со информации од мерните станици на МЖСПП е комбинирана во платформата Мој воздух, која служи како главен извор на информирање на граѓаните во Скопскиот регион.