Презентација на резултатите од Студијата за пропорционирање на загадувачите на воздухот во градот Скопје
Zoom platform

Случаите на појава на висока загаденост на воздухот во повеќето урбани средини во Северна Македонија се повеќе се наоѓаат на насловните страни на медиумите во текот на изминатите години, засилувајќи ја перцепцијата на јавноста дека загадениот воздух е убедливо најважниот еколошки и здравствен проблем со којшто се соочува градското население во денешно време. Најголемите урбани области честопати се рангираат високо на различните листи на загадување, додека главниот град Скопје беше посочен како најзагаден главен град во Европа (UNEP, 2018).

Студијата за пропорционирање на загадувачите на воздухот во градот Скопје ја изработи лабораторијата АМБИКОН при Универзитетот Гоце Делчев – Штип, како дел од проектот „Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје“, што го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и Градот Скопје. Финансиската поддршка за проектот е обезбедена од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА).

Според анализата на регионално и на локално ниво се јавуваат значително различни, доминантно антропогени извори на загадување на воздухот кои обично вклучуваат големи и мали постројки за согорување, индустриски процеси, транспорт, отстранување на отпад, земјоделство и промена во употребата на земјиштето. Тековните научни податоци коишто се достапни за агломерацијата Скопски регион укажуваат дека горењето дрва во домаќинствата е веројатно најзначајниот извор на загадување на воздухот.

Повеќе за изворите на загадување можете да слушнете на хибридниот настан за „Презентација на резултатите од Студијата за пропорционирање на загадувачите на воздухот во градот Скопје“, кој ќе се одржи на 28 март 2022 година со почеток од 11:00 часот.

 

Во прилог Ви ја доставуваме агендата за настанот.

UNDP Agenda 03.2022 ZOOM

Презентацијата на резултатите можете да ја проследите преку Zoom платформата на следниов линк.

 

Други содржини кои можеби ќе те интересираат