Глобалното затоплување му се заканува на Големиот корален гребен
јануари 27, 2022

98% од Големиот корален гребен во Австралија е подложен на штетна појава позната како избелување на коралите. Според трудот објавен во Current Biology ова е четврта ваква регистрирана појава во период од 1998 година. Причина за ова се топлотните бранови и рапидното зголемување на температурата благодарение на глобалното затоплување.

Вакво избелување беше регистрирано и во 2016, 2017 и 2020 год. и иако се сметаше дека во јули имаше знаци на подобрување, сепак ваквата појава повторно се регистрираше. Со раст на температурите, коралите ги отфрлаат алгите кои вообичаено живеат врз нивната површина, ги губат своите вообичаени бои па така доаѓа до т.н. избелување.

 

extinction-of-corals

После ваквата појава, потребно е време за коралите повторно да заздрават и да може да создадат единки и да се вратат до некој степен на првобитната положба. За таа цел потребно е да не бидат изложени на топлотни удари, што се покажа како скоро невозможна мисија бидејќи нема намалување на глобалното затоплување. Научниците сметаат дека шансите за преживување на ваквиот еко систем на подолг рок се многу мали.

Глобалното затоплување влијае на сите сегменти од човековото живеење, па така загубата многу често може да биде ненадоместлива. Осетливоста на планетата Земја на човечките активности создава предуслови за глобална катастрофа. 

 

Други содржини кои можеби ќе те интересираат