Шумските пожари во Канада предизвикаа загадување на воздухот какво не е забележано во последните 50 години
јуни 16, 2023

Од Мериленд до канадската престолнина, огромниот облак од чад предизвикан од шумските пожари во Квебек (Канада) ги принуди децата да останат во затворени простории, ги прекина летовите во Њујорк и остави милиони жители да дишат загаден воздух.

Повеќе од 75 милиони луѓе во источниот дел на САД се загрижени за квалитетот на воздухот поради чадот.

Најсилниот удар на чадот наскоро се очекува да погоди делови во североисточниот дел на САД преку Атлантикот до државата Каролина. Загадениот воздух тие региони би можел да трае најмалку во наредните неколку дена.

wildfires-map

               Извор

Од средата навечер, главните метро области како Филаделфија; Џерси Сити, Њу Џерси; и Њу Хевн, Конектикат, имаа индекси за квалитет на воздухот кои се движеа од 200 до 300 – што се смета за „многу нездраво“, според владината веб-страница AirNow.gov.

Њујорк имаше AQI од 484 во 17 часот во средата, што е класифицирано како „опасно“, рече градоначалникот Ерик Адамс. Тоа е највисокото ниво во градот од 1960-тите, рече тој.

„Тешко е да се предвиди движењето на чадот. Ова е непредвидлива серија на настани и не можеме да дадеме насоки повеќе од еден ден однапред во овој момент“.
Надлежните препорачуваат користење на картата за пожар и чад за следење на квалитетот на воздухот. Нивото на чад може да се промени брзо и значително во текот на денот.

understand-the-aqi-during-wildfires

                Извор

Интерактивна мапа за следење на квалитетот на воздухот во САД

Филаделфија издаде предупредување „code red“ минатата седмица, предупредувајќи дека одредени жители треба да останат во затворени простории.
Постарите, малите деца и оние кои се бремени или имаат болести на срцето или белите дробови може да доживеат сериозни здравствени проблеми од чадот, рече Џејмс Гароу, портпарол на Одделот за јавно здравје во Филаделфија.

Извор

 

Други содржини кои можеби ќе те интересираат