Сакале или не – велосипедите се единствениот спас за загадениот воздух
јуни 20, 2023

Ќе мораме да се откажеме од автомобилите за да го избегнеме глобалното затоплување – тоа е најважната порака од студијата што ја презентираше Универзитетот во Калифорнија.

сообраќаен метеж

            Photo by Jacek Dylag on Unsplash

По неколкумесечна работа, експертите дојдоа до заклучок дека луѓето ќе мора да се откажат од своите автомобили доколку сакаат да ја спасат планетата. Извештајот нуди увид во огромните лични, еколошки и економски жртви потребни за постигнување на климатските цели.

Во исто време, тимот потенцира дека транзицијата кон електрични возила има три фундаментални проблеми кои нема значително да ја подобрат статистиката за емисиите низ планетата.

Во студијата се наведува дека ќе бидат потребни големо количество минерали како литиум, кобалт и никел за да се направат батерии за електрични возила. Ако сегашната побарувачка за електрични возила се проектира до 2050 година, потребите за литиум само за американскиот пазар ќе бараат три пати повеќе од количината на литиум што моментално се произведува за целиот глобален пазар.

Се нагласува дека зголеменото рударство неповратно ќе ја оштети природата. Рударството сочинува помеѓу 4% и 7% од глобалните емисии на стакленички гасови и ќе ги уништи тропските шуми кои моментално апсорбираат CO₂ од атмосферата.

Електрични автомобили не се единствено решение за подобрување на квалитетот на воздух и спречување на климатските промени

Студијата е јасна и за огромната побарувачка на електрична енергија. Електрификацијата на американскиот транспортен систем значително ќе ја зголеми побарувачката за електрична енергија.

велосипедисти1

Исто така, производството на електрични возила и изградбата и одржувањето на патишта, автопати и паркинзи се енергетски интензивни процеси со високо ниво на емисии на јаглерод.

Конечно, студијата, исто така, ги најавува жртвите што луѓето во развиените земји ќе треба да ги направат за да ги исполнат границите на затоплување што климатските активисти ги нагласуваат со децении, а тоа е да се спречи планетата да достигне температура од повеќе од 1,5 степени Целзиусови во споредба до прединдустриско време.

„Сегашната доминантна стратегија во автомобилскиот сектор, која се состои од замена на возила на бензин со електрични возила, а не вклучува намалување на сопственоста и користењето на автомобили, најверојатно ќе биде некомпатибилна со зголемувањето на температурите до крајот на векот.‘‘

Наместо тоа, Студијата препорачува владини политики кои поттикнуваат пешачење, возење велосипед и јавен превоз.

Значи, во блиска иднина се предлага да купиме добри патики, велосипед и билет за автобус/воз.

 

 

Други содржини кои можеби ќе те интересираат