УНДП И ГРАД СКОПЈЕ ГО ОТВОРИЈА ЗЕЛЕНИОТ ПОКРИВ НА ДОМОТ НА ГРАДЕЖНИЦИ
Дом на градежници - Скопје
Запуштениот и руиниран покрив на Домот на градежници во Стратегијата за климатски промени на проектот „Отпорно Скопје“ беше препознаен како едно од неколкуте „урбани топлотни острови“ кои влијаат на зголемување на просечната температура во градот. Согласно со податоците од релевантни истражувања температурите на зелениот покрив можат да бидат пониски од 16 до 22 Целзиусови степени споредено со конвенционалните покриви. Со тоа, температурите на околината можат да се намалат до 3 Целзиусови степени, при што потрошувачката на електрична енергија потребна за ладење на овие објекти би се намалила за 0,7%.
Градот Скопје во соработка со УНДП го уреди вториот зелен покрив во строгиот центар на градот – покривот на Домот на културата „Кочо Рацин“, попознат како Домот на градежници. Според проектот, на површина од речиси 400 квадратни метри се засадени над 30 различни видови садници – дрвја, средно и ниско зеленило кое е функционално распоредено, има тревна површина и вертикално зеленило на ѕидовите, а поставени се и клупи и канделабри. По зелениот покрив на ГТЦ, ова е вториот ваков заеднички проект наменет за зголемување на отпорноста на Скопје кон климатските промени. 
зелен покрив
Според постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан, се повеќе луѓе во светот живеат во градовите, тоа создава голем притисок врз животната средина и отвора предизвици за локалната самоуправа, па затоа УНДП секогаш се обидува да помогне.
– Поканете што повеќе луѓе да го посетат овој простор, да организираат настани, да дојдат со семејствата особено во овој период на ковид кога сите сакаме да излеземе на отворено – рече Сахакјан.
 
Ова ново зелено катче беше отворено официјално за посетители градоначалникот Петре Шилегов, постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Нарине Сахакјан, заменик-амбасадорот на Холандија во нашата земја, Роберт Декер, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.
 
Прочитајте повеќе на Град Скопје
 
 
 
 
Други содржини кои можеби ќе те интересираат