Ова е првата ReLOaD2 Western Balkans Conference на тема: Граѓанско општество и локална самоуправа – партнерства за локална демократија на Западен Балкан.
Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) го спроведува ReLOaD2 проектот во: Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија. ReLOaD2 започна на 1 јануари 2021 година и во текот на следните 4 години проектот има за цел да ја зајакне партиципативната демократија и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ преку зајакнување на граѓанското општество и младите со цел активно учество во донесувањето одлуки и подобрување на правното и финансиското опкружување за граѓанските организации (ГОи).
Целта на конференцијата е да обезбеди поттикнувачка средина за практичарите од граѓанските организации, претставниците на институциите и другите партнери од ЗападенБалкан за суштински, насочени дискусии за актуелни прашања, предизвици, иновации и практики. На конференцијата ќе се дискутира на следните теми:
- доделување јавни пари во граѓанскиот сектор,
- придобивките од партнерството помеѓу граѓанското општество и локалните самоуправи и позитивни примери,
- иднината на граѓанското општество,
- млади во акција,
- и уште многу други.
Ве очекуваме за заедничка размена на искуства и позитивни практики. Придружете нѝ се преку Zoom: https://bit.ly/3CkV3cW.
Проектот ReLOaD2 е финансиски поддржан од EU, а го имплементира UNDP.
Пријавувањето за настанот можете да го направите на следниот линк.