Постоечките објекти во Општината во најголем дел се изградени во периодот 1960 – 2010 година во кој период не се бараше објектите да имаат соодветни термички карактеристики. Во тој период објектите се градени со надворешни ѕидови со полна или шуплива цигла од двете страни премачкани со малтер. Таквиот ѕид има U вредност од 1.6-2 [W/m2K]. Поради тоа, при нивното греење се троши големо количество енергија која, пак, условува голем трошок на гориво, и кое во најголем дел е огревно дрво.
Чекор 1
Решение на Општината за висина на субвенција за оваа мерка. Висината на субвенцијата да зависи од категоријата ранливост. Поранливите домаќинства (со пониски примања) да имаат повисока субвенција.
Чекор 2
Дефинирање на параметри за избор на домаќинство (приходи, социјален статус, број на членови во домаќинство итн.). Воведување категорија ранливост во параметрите за дефинирање на домаќинства кои може да бидат корисници на овие субвенции – пример: домаќинства со ниски месечни примања, самохрани родители, повеќечлени семејства со ниски приходи, едночлено семејство на возраст 55+ со ниски приходи, жртви на семејно насилство, итн. Општинската комисија ќе ги одреди параметрите за дефинирање на ранливо домаќинство согласно структурата на население во нејзината општина.
Чекор 3
Објавување на конкурс за домаќинствата и оформување на општинска комисија за избор. Зголемување на видливоста и транспарентноста на Конкурсот и обезбедена поддршка за ранливи категории граѓани за упатување за прибирање и подготовка на бараната документација за апликација.
Чекор 4 Анализа и избор на пријавени домаќинства согласно бараните параметри. Собирање полово поделени податоци на апликанти и добитници на субвенции.
Чекор 5 Собирање на податоци за определување на индикатори: Aнкета пред и по доделување на субвенција