Студија за формирање зони со ниски емисии (LEZ-Low emission zone) во центарот на градот
0%
февруари 13, 2024
Оцени ја мерката
Тип
Административна
Сектор
Сообраќај
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
CONO2PM10PM2.5
Одговорна институција за спроведување

Зоните со ниски емисии во централниот дел на градот може да ги намалат емисиите кои потекнуваат од сообраќајот, главно од приватните возила. Целта на мерката е да се намали обемот на сообраќај во градот. Ограничувањата во LEZ може да се однесуваат на сите возила или на одреден тип возила, или пак на возила со одредена старост или ЕУРО класа. 



Прогрес на имплементација

Превземени чекори
Планирани чекори

Потребна е студија за да се проценат можностите за создавање LEZ во Струмица, која ќе покаже кои се алтернативните решенија и како тие влијаат врз ситуацијата со сообраќајот, заедно со влијанието на сообраќајот врз животната средина. Студијата треба да ги дефинира критериумите за LEZ  (дефинирање на еуро класи, тип на возила на кои им е дозволен сообраќај во секоја зона итн.) Потребно е пренасочување на сообраќајот и промени во јавниот превоз и товарниот сообраќај. Мерките кои се однесуваат на сообраќајот бараат внимателно планирање, а треба да постои гарантирано финансирање.

Цел
Со намалувањето на сообраќајот во градот се намалуваат и емисиите во воздухот.
Индикатори за следење на имплементацијата

План за одржлива урбана мобилност, Акциски план за одржлива енергија (СЕАП)

Одговорна институција за следење на имплементација
Град Струмица, , Министерство за внатрешни работи и Министерство за животна средина и просторно планирање
Дополнителни придобивки
Период на имплементација
Среден - долг
Финансии

Административните трошоци за оваа мерка се однесуваат на планирање и воспоставување LEZ и воведување алтернативни рути за сообраќајот кој би бил исклучен од зоните со ниски емисии. Можно е да биде потребно да се вработи дополнителен персонал одговорен за мониторинг и спроведување на овие зони. Во целина овие трошоци би биле мали.

Трошоците за усогласување со мерката опфаќаат поставување сообраќајни знаци за идентификација на LEZ како и за прилагодување на постоечката патна мрежа со цел да се овозможи зголемен обем на сообраќај во други делови од градот како резултат на пренасочуваното на приватните автомобили, јавниот превоз и товарниот сообраќај од LEZ. Зависно од тоа колкав дел од сообраќајот може да се пренасочи, оваа мерка може да изискува значително инвестирање во инфраструктура.

Буџет