Поддршка за користење возила со ниски или нула емисии
0%
февруари 13, 2024
Оцени ја мерката
Тип
Субвенција
Сектор
Сообраќај
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
CONO2PM10PM2.5
Одговорна институција за спроведување
Општина Струмица

На локално ниво возможно е да се промовира употребата на модерни возила со нула емисии или ниски нивоа на емисии (хибридни возила, електрични возила итн.) Ова може да се направи на пример со давање повластен третман на ваквите возила во политиката на паркирање, во одредувањето на таксите, можност да ги користат сообраќајните ленти наменети за автобуси итн.). Користење на автомобилите со нула или ниски емисии  од страна на градската администрација како пример за останатите.



Прогрес на имплементација

Превземени чекори

Одредени паркинг места се веќе бесплатни за електричните автомобили и на располагање веќе постојат одреден број станици за полнење. Националната политика за субвенционирање електрични автомобили оди во прилог на поддршката на локалните политики. 

Планирани чекори

Потребна е финансиска поддршка, на пр. бенефиции при плаќање паркинг. За хибридните и електрични возила потребна е нова инфраструктура (станици за полнење итн.). 

Цел
Целта е генерално да се намалат емисиите од сообраќајот.
Индикатори за следење на имплементацијата
Одговорна институција за следење на имплементација
Општина Струмица
Дополнителни придобивки
Период на имплементација
Веднаш
Финансии

Административните трошоци за оваа мерка подразбираат дополнителен персонал за планирање и организација на политиката за привилегирано паркирање и тарифи, користење на лентите наменети за автобусите итн., како и изградба на потребна енергетска инфраструктура за возила со ниски емисии, како што се станиците за полнење.

На трошоците за усогласување со мерката главно отпаѓа изградбата на инфраструктурата која паѓа на товар на властите и/или приватните енергетски компании. Овие трошоци веројатно би биле големи доколку мерката се реализира до степен кој би ја направил ефективна. На пример, еден супер-полнач чини 25.000 евра и во идеални услови потребно би било да се постави по еден таков полнач на секоја бензинска пумпа во градот. Индиректното субвенционирање преку намалени тарифи за паркирање за возилата со ниски емисии преставува трансфер на средства за сопствениците на ваквите возила, па не претставува трошок од социо-економски аспект. (Бидејќи тарифите за паркинг се релативно ниски со просечна цена од 30 денари/час во градот, приходот изгубен од намалените тарифи за возилата со ниски емисии не би бил голем).

Буџет