Зелени паркинзи
0%
септември 21, 2022
Оцени ја мерката
Тип
Техничка
Сектор
Сообраќај
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
CONONO2NOxSO2
Одговорна институција за спроведување
Град СкопјеЈП Градски ПаркингОпштини во Скопски регионПОЦ

Паркинзите значително придонесуваат за создавање на топлинските острови. Асфалтот како еден од најчестите материјали кој се користи за поплочување на паркинзите е  темен материјал со голем капацитет за апсорпција на топлина. Ноќе, кога асфалтот се лади, целата топлина што ја апсорбира во текот на денот се ослободува во воздухот и со тоа ја забавува и стапката на ноќно ладење. Традиционалните паркинг површини спречуваат дождовницата и снегот да се апсорбираат во почвата за да се надополнуваат подземните води. Дополнително, расчистувањето на земјиштето кое е потребно за да се создаде простор за паркинзи, ги намалува површините со дрвја и друга вегетација која е значајна за регулација на температурата во урбаните средини.  Цел на оваа мерка е да се создадат паркинзи кои не се само ефикасни, туку се безбедни, атрактивни и еколошки. Препораките вклучуваат мерки за зазеленување на паркингот со засадување на дрвја, фотоволтаици наместо тенди за сенка, креирање на тревна мрежа на паркинг местата, вертикални зелени градини на катните гаражи и сл.



Прогрес на имплементација

Превземени чекори
  • бесплатно паркирање за електрични и хибридни возила во општина Центар.
Планирани чекори
  • одредување на локации за зелени паркинзи во секоја општина;
  • дизајнирање и изградба на зелени паркинзи (за возила и електрични велосипеди, тротинети), како и конверзија на постоечките паркинзи во зелени паркинзи, така што при проектирањето и реализацијата на новите или реновирани паркинзи ќе мора да се предвиди комбинација на инсталација на фотоволтаици наместо сенки и да се посадат соодветен број на дрвја со кои би се постигнало 50% засенчување на површината на паркингот). На тој начин ќе се овозможи и соодветна инфраструктура потребна за мерката бр.9 Поддршка за користење возила со ниски или нула емисии;
  • формализирање на соработка со невладиниот сектор и научната заедница и студентите во креирање на дизајнот на зелените паркинзи:
  • ревизија на политиките за паркирање;
  • дизајнирање и имплементација на влезен паркинг (Park&Ride систем) за патници во секоја општина.
Цел
Индикатори за следење на имплементацијата
  • број на зелени паркинзи;
  • површина на зелени паркинзи во m2.
Одговорна институција за следење на имплементација
Град Скопје, ЈП Градски Паркинг
Дополнителни придобивки
  • се намалуваат топлотните острови;
  • се намалуваат сообраќајните “тeсни грла”;
  • побрза апсорпција на дождовницата и намалување на поројните водотеци;
  • се намалува бројот на возила во централното градско подрачје.
Период на имплементација
Финансии
Буџет