Постоечкиот возен парк кој се користи од страна на жителите на Општината изнесува 12054 патнички возила. Од овие возила 62,6 % користат дизел-гориво, 35,8 % бензин, додека ТНГ користат 1,5 % од возилата. Од овие возила најголемиот број на возила се возила на дизел-гориво со ЕУРО 2 и ЕУРО 3 стандард на моторот. Овие мотори создаваат висока концентрација на PM2,5 честички. За секој изминат километар се произведуваат PM2,5 честици со количина 0,0456 [g/km] за ЕУРО 3, како и 0,0383 [g/km] за ЕУРО 4 моторите. Според светските искуства, искористеноста на патничкиот автомобилот се движи меѓу 1,3 и 1,7 патници по патување. Сиромашната категорија граѓани најчесто користи автомобили со мотори кои создаваат висока концентрација на PM2,5 честички. Мерката треба да има и перспектива на еднакви можности на жените и мажите и димензија на ранливи категории граѓани поради следни причини:
1200 велосипеди за изминатите 5 години
Чекор 1
Одлука/Решение на Општината за висина на средствата за субвенција за оваа мерка да се внесе во Буџетот за идната година (декември). Дефинирање на износот на субвенција согласно категорија на ранливост. Субвенција во висина од 100 % за најранливите категории граѓани.
Чекор 2
Објавување на конкурс за пријавување на граѓани и оформување на општинска комисија за избор. Воведување категорија ранливи граѓани како услов во Конкурсот за субвенции за велосипеди. Одредување процент од вкупниот буџет за субвенциите кој ќе биде наменет за ранливи категории граѓани. Објавување посебен Конкурс за ранливи категории граѓани. Параметрите на
категоријата ранливост ги одредува Комисијата. Зголемување на видливоста на Конкурсот и обезбедена поддршка за ранливи категории граѓани за упатување за прибирање и подготовка на бараната документација за апликација. Информативни кампањи за штетноста на користење на возила со мотори кои создаваат висока концентрација на PM2,5 честички, особено помеѓу машката популација (како доминантни корисници на автомобили за сопствени потреби).
Чекор 3 Анализа и избор на пријавени граѓани согласно бараните параметри. Собирање полово поделени податоци за апликанти и добитници на субвенции.
Чекор 4
Собирање на податоци за определување на индикатори: Анкетен прашалник како се користи велосипедот. Кои од 4 категории на патување ќе користат. Да се добијат информации за далечина, начин, фреквенција на движење. Пред и потоа, дали и колку
го користат велосипедот, и за која потреба.
5.000.000 денари