Замена на старите системи за греење кои користат цврсто гориво со модерни грејни тела на пелети, со помош на финансиско субвенционирање
0%
декември 10, 2023
Оцени ја мерката
Тип
Субвенција
Сектор
Енергетика
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
COPAHsPM10PM2.5VOCs
Одговорна институција за спроведување
Општина Струмица

Обезбедување финансиски стимулации за замена на старите системи кои користат
дрва како гориво, со системи на пелети кои имаат повисока енергетска ефикасност и
пониски емисии.



Прогрес на имплементација

Превземени чекори
Планирани чекори
Цел
Целата е да се намалат емисиите, особено емисиите на суспендирани честички кои потекнуваат од греење во домаќинствата
Индикатори за следење на имплементацијата
Одговорна институција за следење на имплементација
Општина Струмица
Дополнителни придобивки
  • Согласно официјалните ЕУ-емисиони фактори за PM10, замената на традиционал-на
    печка со уред на пелети може да ги намали емисиите на PM10- за околу 25
    kg/уред/година
  • Се намалува изложеноста на загадувачки супстанции внатре во самите живеали-шта и
    се зголемува енергетската ефикасност на греењето во домаќинствата
Период на имплементација
Среден - долг
Финансии

Административните трошоци за оваа мерка се однесуваат на спроведување на
програмата за финансиски стимулации, односно примање апликации, одговара-ње на
прашања и распределба на финансиските средства. Зависно од бројот на домаќинства
кои ги исполнуваат условите за учество во програмата, трошоците варираат од
вработување на неколку лица до вработување на поголем број допо-лнителни лица.
Трошоците за усогласување со мерката се оние трошоци кои ќе ги имаат дома-
ќинствата за купување нови печки за греење на пелети, а кои ја надминуваат фи-
нансиската стимулација (пр.субвенција) што ја добиваат од Владата (субвенцијата е
трансфер на средства и е единствениот вистински трошок кој се гледа од
перспективата на сеопфатна социо-економска проценка). Нова печка на пелети чини
помеѓу 60.000 и 70.000 денари, односно двојно повеќе од износот на субве-нцијата –
така што индивидуалните домаќинства треба да одвојат дополнителни 30.000 –
40.000 денари од сопствениот буџет и субвенции од општината и од Министерство за
економија во висина од 30.000 денари. За 2020 год. Град Струмица планира да воведе
буџет за субвенционирање на 1 милион денари, што би зна-чело субвенции за
приближно 33 домаќинства, доколку се задржи износот на субвенционирање до
30.000 денари по домаќинство. Домаќинствата ќе треба вкупно да потрошат
дополнителни 20.000 евра. Понатаму, домаќинствата се изложу-ваат на
потенцијалните повисоки трошоци за греење на пелети, споредено со други цврсти
горива.

Буџет