Градот може да определи области, особено нови области за градење, каде што сите
нови објекти мора да бидат поврзани на мрежата за сопствено централно парно
греење и мрежата на гас
Се намалува потрошувачката на енергија на ниво на општина бидејќи производството
на топлинска енергија е поефикасно ако е централно
Административните трошоци за оваа мерка вклучуваат измени во регулаторните
упатства при планирањето на градот, како и мониторинг/спроведување на усогла-
сувањето со обврските, за кои може да биде потребен дополнителен персонал.
Сепак, во целина административните трошоци би биле мали.
Од аспект на трошоците за усогласување со мерката, оваа мерка подразбира
инвестиции во изградба на мрежата за централно парно греење со цел да се поврзат
новоизградените куќи, колективни згради вклучувајќи ја и можноста за изградба на
нови комбинирани електрани на обновливи извори. Овие трошоци би биле на товар
на приватните енергетски компании. Кај домаќинствата, трошоците за новите објекти
би се зголемиле со цел да се покријат новите инсталации за централно парно греење.
Во поглед на инфраструктурите инвестиции, се чини дека овие трошоци ќе бидат
значителни, меѓутоа тие зависат од големината на дефинираните области каде
централното парно греење би било задолжително. Трошоците може да се пресметаат
со податоци за бројот на домаќинствата кои би биле опфатени, како и согласно
потребниот обем на проширување на мрежата.