Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
Одговорна институција за спроведување
Возниот парк во целата држава е стар (просечна старост 20 години), а повеќе од половина од возилата користат дизел гориво. Нема вкупна евиденција за возниот парк на Град Скопје и општините. Јавното сообраќајно претпријатие СКОПЈЕ (ЈСП) како најголем поединечен потрошувач на гориво (околу 6.000.000 литри во просек годишно) направи напори да го обнови возниот парк, но сепак се уште околу 30% од возилата не исполнуваат стандарди за емисија на издувни гасови. Градот Скопје неколкупати воспостави систем за изнајмување на велосипеди, но за краток период истите беа неупотребливи. И Градот Скопје и општините доделуваат субвенции за велосипеди и електрични тротинети, и ги мотивираат граѓаните почесто да го користат јавниот превоз. Во периодите кога се надминати граничните вредности за воздух, јавниот превоз е бесплатен.
Прогрес на имплементација
Превземени чекори
- обнова на возниот парк во Град Скопје и Јавните Претпријатија;
- воспоставен механизам за доделување на субвенции за велосипеди и електрични тротинети.
Планирани чекори
- доделување субвенции за велосипеди и електрични тротинети;
- воспоставување механизам за доделување на субвенции за електрични велосипеди;
- изградба на инфраструктура и соларни полначи за електрични велосипеди на избрани локации;
- проектирање на велосипедски патеки со ниско зеленило кое ќе ги одделува коловозот од вело патеките;
- континуирана обука за еко-возење и за сите возачи на автобуси и општинскиот персонал кој управува со службените возила;
- обнова на возниот парк со возила со ниски или нула емисии;
- спроведување на кампањи за информирање и мотивирање на граѓаните за користење на возила со ниски или нула емисии.
Цел
Индикатори за следење на имплементацијата
- број на доделени субвенции за електрични велосипеди;
- број на доделени субвенции за велосипеди и електрични тротинети;
- % на возила со ниски или нула емисии во возниот парк на Градот Скопје и општините поединечно и вкупно.
Одговорна институција за следење на имплементација
Град Скопје
Дополнителни придобивки
- заштита од бучава и загадување;
- подобрено здравје на луѓето.
Период на имплементација
Финансии
Буџет