Зголемување на корисници на велосипеди во Општината
0%
октомври 3, 2025
5/5 - 1 гласови
Тип
Субвенција
Сектор
Транспорт
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
CONONO2NОxSO2
Одговорна институција за спроведување
Општина Струмица – Одделение за заштита на животната средина

Постоечкиот возен парк кој се користи од страна на жителите на Општината изнесува 12054 патнички возила. Од овие возила 62,6 % користат дизел-гориво, 35,8 % бензин, додека ТНГ користат 1,5 % од возилата. Од овие возила најголемиот број на возила се возила на дизел-гориво со ЕУРО 2 и ЕУРО 3 стандард на моторот. Овие мотори создаваат висока концентрација на PM2,5 честички. За секој изминат километар се произведуваат PM2,5 честици со количина 0,0456 [g/km] за ЕУРО 3, како и 0,0383 [g/km] за ЕУРО 4 моторите. Според светските искуства, искористеноста на патничкиот автомобилот се движи меѓу 1,3 и 1,7 патници по патување.  Сиромашната категорија граѓани најчесто користи автомобили со мотори кои создаваат висока концентрација на PM2,5 честички. Мерката треба да има и перспектива на еднакви можности на жените и мажите и димензија на ранливи категории граѓани поради следни причини:



Прогрес на имплементација

Превземени чекори

1200 велосипеди за изминатите 5 години

Планирани чекори

Чекор 1
Одлука/Решение на Општината за висина на средствата за субвенција за оваа мерка да се внесе во Буџетот за идната година (декември). Дефинирање на износот на субвенција согласно категорија на ранливост. Субвенција во висина од 100 % за најранливите категории граѓани.
Чекор 2
Објавување на конкурс за пријавување на граѓани и оформување на општинска комисија за избор. Воведување категорија ранливи граѓани како услов во Конкурсот за субвенции за велосипеди. Одредување процент од вкупниот буџет за субвенциите кој ќе биде наменет за ранливи категории граѓани. Објавување посебен Конкурс за ранливи категории граѓани. Параметрите на
категоријата ранливост ги одредува Комисијата. Зголемување на видливоста на Конкурсот и обезбедена поддршка за ранливи категории граѓани за упатување за прибирање и подготовка на бараната документација за апликација. Информативни кампањи за штетноста на користење на возила со мотори кои создаваат висока концентрација на PM2,5 честички, особено помеѓу машката популација (како доминантни корисници на автомобили за сопствени потреби).
Чекор 3 Анализа и избор на пријавени граѓани согласно бараните параметри. Собирање полово поделени податоци за апликанти и добитници на субвенции.
Чекор 4
Собирање на податоци за определување на индикатори: Анкетен прашалник како се користи велосипедот. Кои од 4 категории на патување ќе користат. Да се добијат информации за далечина, начин, фреквенција на движење. Пред и потоа, дали и колку
го користат велосипедот, и за која потреба.

Цел
3000 велосипеди наместо возила на улиците
Индикатори за следење на имплементацијата
  • број на граѓани на кои им се доделени субвенции;
  • % на жени добитници на субвенција
  • % на млади добитници на субвенција
  • % на социјално ранливи категории добитници на субвенција
Одговорна институција за следење на имплементација
Општина Струмица – Одделение за заштита на животната средина
Дополнителни придобивки
Период на имплементација
долгорочно
Финансии

5.000.000 денари

Буџет
10.000 ден/пријава 30.000.000 денари за 3000 велосипеди