Тренинг на тема: „Алатки за мерка на општините за јакнење на нивните капацитети – како понатаму?“
јуни 19, 2024

Со учество на повеќе од 30 учесници на последниот тренинг „Алатки за јакнење на капацитетите на општините – како понатаму“ кој се одржа на 21.5.2024 г. во хотел „Панорамика“ во Скопје, успешно се заврши спроведувањето на повеќемесечната тренинг-програма фокусирана за чист воздух. На обуката присуствуваа 35 учесници, од кои 18 мажи и 17 жени, претставници на пилот општините дел од проектот.

Тренингот го отвори претставник на УНДП, г-ѓа Александра Димова Манчевска, а потоа, Бојана Станојевска Пецуровска, обезбеди краток вовед во тренингот и темата, а исто така ги претстави и резултатите од спроведувањето на сите тренинзи во рамките на програмата.

Тренингот беше посветен на понатамошното јакнење на капацитетите на општините, при што консултантите Весна Кардалевска и Александар Караев изнесоа добри примери за јакнење на капацитетите во Македонија и се осврнаа на важноста од менторството за подобрување на капацитетите, како и на потребните обуки во таа насока. Добри практики од светот изнесе чешката консултантка Сузан Легро.

Учесниците активно учествуваа и во групната работа која беше менторирана од страна на модераторите и која имаше за цел да ги утврди приоритетите на општинските службеници за тоа како да се продолжи понатаму со јакнење на нивните капацитети, односно каква поддршка им е потребна понатаму. Вежбата покажа различни приоритети, а меѓу другото ја потенцираше и потребата од меѓуопштинска соработка со цел справување со аерозагадувањето на локално ниво.

 

Погледнете ја агендата и тренинг презентациите:

Други содржини кои можеби ќе те интересираат