Обезбедување финансиски стимулации за замена на старите системи кои користат
дрва како гориво, со системи на пелети кои имаат повисока енергетска ефикасност и
пониски емисии.
Административните трошоци за оваа мерка се однесуваат на спроведување на
програмата за финансиски стимулации, односно примање апликации, одговара-ње на
прашања и распределба на финансиските средства. Зависно од бројот на домаќинства
кои ги исполнуваат условите за учество во програмата, трошоците варираат од
вработување на неколку лица до вработување на поголем број допо-лнителни лица.
Трошоците за усогласување со мерката се оние трошоци кои ќе ги имаат дома-
ќинствата за купување нови печки за греење на пелети, а кои ја надминуваат фи-
нансиската стимулација (пр.субвенција) што ја добиваат од Владата (субвенцијата е
трансфер на средства и е единствениот вистински трошок кој се гледа од
перспективата на сеопфатна социо-економска проценка). Нова печка на пелети чини
помеѓу 60.000 и 70.000 денари, односно двојно повеќе од износот на субве-нцијата –
така што индивидуалните домаќинства треба да одвојат дополнителни 30.000 –
40.000 денари од сопствениот буџет и субвенции од општината и од Министерство за
економија во висина од 30.000 денари. За 2020 год. Град Струмица планира да воведе
буџет за субвенционирање на 1 милион денари, што би зна-чело субвенции за
приближно 33 домаќинства, доколку се задржи износот на субвенционирање до
30.000 денари по домаќинство. Домаќинствата ќе треба вкупно да потрошат
дополнителни 20.000 евра. Понатаму, домаќинствата се изложу-ваат на
потенцијалните повисоки трошоци за греење на пелети, споредено со други цврсти
горива.