Согласно законодавството на локално ниво горењето дрва во мали печки и
шпорети може да се забрани или ограничи. Ова може да се примени главно
во области кои се покриени со централно греење и мрежа за гас.
Исто така се намалува изложеноста на загадувачки супстанции внатре во
самите живеалишта
Мерката предвидува мали административни трошоци за мониторинг и
спроведување на забраната. За таа цел, можеби ќе има потреба од
вработување на дополнителни инспектори за животна средина, меѓутоа
ваквите трошоци веројатно би биле мали.
Трошоците за усогласување со мерката паѓаат на товар на домаќинствата,
кои треба да се префрлат од греење на дрва, што претставува многу евтин
огревен материјал, на друг начин на греење како на пр. централно парно
греење. Ова значи дека домаќинствата треба да инвестираат во
поставување нов систем за централно греење во нивните домови, како и
плаќање повисока цена по единица на греење. Со податоците за бројот на
домаќинства врз кои потенцијално би се одразило ова може да се
пресметаат вкупните трошоци за усогласување со мерката, односно
инвестициските трошоци за нови приватни инсталации за греење кај
просечното домаќинство, како и разликата во цена помеѓу огревното дрво и
новиот метод на греење по единица на греење.