Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот”* одржа на дводневна обука за новинари на тема „Справување со загадувањето на воздухот – јакнење на јавната свест за проблемите и можните решенија“.
Обуката ја реализираа искусни новинати со долгогодишно искуство во следење и покривање теми од областа на животната средина како и стручни лица од тимот на Универзитетот Гоце Делчев од Штип, каде што е сместена акредитираната лабораторија за мерење на квалитетот на воздухот.
Проф. Д-р Дејан Мираковски ги презентираше техниките и апарати теза мерење на загаденост во воздухот, а воедно сподели и препораки за справување со загадувањето.
Новинарката Катерина Топалова зборуваше на тема – Влијание на загаденоста на воздухот на здравјето на луѓето/животната средина и улогата на новинарите во подигнување на јавната свест, за важноста на истражувачкото новинарство при известување за прашања за животната средина и за пристапите при при раскажување приказни за загадувањето на воздухот.
Новинарот Александар Манасиев со учесниците разговараше за новинарството засновано на анализа на податоци за загадување на воздухот, на кој начин е најдобро ефикасно да се користи правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, а на крајот сподели алатки за мултимедијално раскажување на новинарски приказни.
Учесниците имаа можност да споделат и свои видувања и искуства на темите преку интерактивна дискусија.
Повеќе информации од тренингот може да најдете овде
*Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ кој го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините Гостивар, Кавадарци, Куманово, Струга и Струмица. Овој проект е дел од Програмската рамка на УНДП, финансирана од Шведска. Во рамки на програмата исто така се спроведува и проектот „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти“.