Истражување за енергетска ефикасност и практики на загревање на претријатијата во Скопје
јуни 16, 2022

Истражувањето е спроведено врз вкупно 1004 мали и микро компании на територијата на град Скопје. Соодветната покриеност по општини и дејности беше распределена според дистрибуцијата дадена од Државниот завод за статистика. Фокусот беше ставен на компаниите кои работат во дејноста Преработувачка индустрија и соодветно нивниот број во примерокот беше четирикратно зголемен.

istrazuvanje mikro i mali pretprijatija mk

Дополнително, за трите сектори Градежништво, Транспорт и складирање и Информации и комуникации, беа селектирани само одредени подсектори кои имаат потенцијално поголемо влијание врз загадувањето на воздухот. Во однос на овие три сектори фокусот беше ставен на:
• Градежништво: импровизирани куќички/контејнери/бараки на локациите каде што се гради
• Транспорт и складирање: просторите за складирање (складирање на стока)
• Информации и комуникации: издавање на книги, периодични изданија и останати издавачки дејности

Во поглед на можните мерки за енергетска ефикасност, а со цел да се намали загадувањето на воздухот во Град Скопје, фокусот е ставен на три типови на мерки: мерки насочени кон објектот и неговите елементи (надворешна обвивка), мерки насочени кон системот за греење, ладење и вентилација и мерки насочени кон производствениот процес. Кога станува збор за изворот на енергија за загревање, ситуацијата е многу поразлична од состојбата на објектот. Значителен дел од објектите (58.1%) како енергенс ја користат електричната енергија. Па така, мерките кај овие системи за греење нема да имаат влијание врз загадувањето на воздухот на територијата на Град Скопје.

Од анкетата се гледа дека постои простор за примена на мерки кај компаниите кои би влијаеле значително на животната средина. Најголем фокус од страна на локалните и централните власти треба да се стави на зголемувањето на свесноста на компаниите за придобивките од примената на мерките (мерките освен влијаниено на животната средина и енергетската ефикасност имаат и значителни финансиски придобиви). Најголем фокус од страна на компаниите во целина треба да е ставен на мерки кај системот за греење и обновливите извори на енергија, додека кај подгрупата на компании кои имаат и производствени капацитети, треба да биде ставен на процесот на производство, како најдоминантен потрошувач на енергија.

Микро и мали претпријатија-МКД-Финална (1)

Други содржини кои можеби ќе те интересираат