За половина век бројот на природни катастрофи како резултат на климатските промени зголемен за пет пати
јануари 27, 2022

Новиот извештај објавен од Обединетите нации покажува дека бројот на екстремни временски настани е петкратно зголемен во последните 50 години, додека бројот на смртни случаи што ги предизвикале е намален, иако повеќе од два милиони луѓе го загубиле животот. Исто така, се наведува дека вкупните глобални загуби поради феномени како што се поплави и топлотни бранови изнесуваат 3,640 милијарди долари.

Официјални лица од Метеоролошката и климатска агенција на Обединетите нации, Светската метеоролошка организација (WMO), го презентираа извештајот „Атлас“ за време на брифингот од седиштето на агенцијата во Женева. Сеопфатниот извештај покажува дека катастрофите поврзани со временските услови се случувале во просек еднаш дневно во последните пет децении, при што загинале 115 луѓе и предизвикувале загуби од 202 милиони долари дневно.

Извештајот укажува на забрзан тренд, бидејќи бројот на катастрофи се зголеми речиси петкратно од 1970-тите до последната деценија, бидејќи екстремните временски настани станаа почести поради глобалното затоплување.

Загубите предизвикани од природни катастрофи се зголемија од 175,4 милијарди американски долари во 1970-тите на 1,380 милијарди долари во 2010 година, кога бури како „Харви“, „Марија“ и „Ирма“ изникнаа низ САД.

 legenda

reported disasters

Според студијата, најголем број смртни случаи се случуваат во земјите во развој.

Специјалниот претставник на ОН за намалување на ризиците од катастрофи, Мами Мизутори, смета дека извештајот е „доста алармантен“ и истакна дека јули оваа година бил најтоплиот јули во историјата, обележан со топлотни бранови и поплави низ целиот свет.

reported deaths

Студијата покажува дека повеќе луѓе страдаат од оваа зголемена фреквенција и интензитет на временските настани.

Мизутори рече дека 31 милиони луѓе се раселени минатата година поради природни катастрофи, речиси надминувајќи го бројот на раселени од конфликтот, и дека просечно 26 милиони луѓе годишно „паѓаат“ во сиромаштија поради екстремните временски услови, и дека сега пандемијата дополнителни го влошува проблемот.

„Живееме во свет што го нарекуваме опасен на многу начини и тоа покажува дека навистина треба да инвестираме повеќе во намалување и спречување на ризикот од катастрофи“, рече Мизотори.

Иако природните катастрофи стануваат поскапи и почести, бројот на жртви годишно се намали од повеќе од 50.000 во 1970-тите на околу 18.000 во 2010 година, што покажува дека подоброто планирање се исплати.

Генералниот секретар на Светската метеоролошка организација, Петери Талас, рече дека добрата вест во извештајот е дека во набљудуваниот период, бројот на смртни случаи поврзани со катастрофи се намалил на речиси една третина, поради системот за рано предупредување и подобрено управување со катастрофи.

reported economic losses

Повеќе од 91 проценти од смртните случаи се случуваат во земјите во развој или земји со ниски примања, бидејќи многу од нив немаат системи за рано предупредување и управување.

Претставници на Светската метеоролошка организација нагласија дека економските загуби поврзани со овие катастрофи ќе се зголемат, доколку нема сериозно ублажување на климатските промени.

Доколку се воведат вистинските мерки, тенденцијата може да престане во следните 40 години, посочи Талас.

Агенцијата на ОН за метеорологија и клима ја повика групата светски економски сили Г-20 да го исполнат ветувањето за намалување на емисиите на стакленички гасови.

Други содржини кои можеби ќе те интересираат