Интервју со проф. Дејан Мираковски: „Каков воздух дишеме и како да го подобриме?“
декември 23, 2024

Во интервју за централниот дневник, проф. Дејан Мираковски, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, зборува за квалитетот на воздухот во Македонија, загадувањето и можните решенија.

Професорот објаснува зошто онлајн рангирањата за „најзагадени градови во светот“ често се неточни, но и зошто Северна Македонија, сепак, се наоѓа меѓу најзагадените во Европа според концентрацијата на суспендираните честички. Тој посочува дека главните проблеми доаѓаат од користењето на нечисти горива за греење на домовите и на јавните/комерцијалните објекти, согорување на отпад на отворено, како и од транспортот во одредени периоди од годината.

Во интервјуто проф. Мираковски споделува податоци од истражувања спроведени во соработка со УНДП и Шведската амбасада, кои ги истакнуваат локалните извори на загадување во различни градови. Исто така, професорот ја истакна потребата од системски решенија – од замена на старите печки со модерни и ефикасни, до воведување централни системи за греење и зелени практики во урбаните средини.

„Решенијата мора да бидат системски, а однесувањето на секој од нас е подеднакво важно“, истакнува проф. Мираковски.

 

Целосното интервју можете да го погледнете во видеото на следниот линк.

Други содржини кои можеби ќе те интересираат
април 23, 2026
До чист воздух со правилно управување со отпадот