Грета Тунберг: Немам тајно богатство од 1 милион долари
јуни 23, 2023

Грета Тунберг, активистката за заштита на животната средина тврди дека не заработува од активизам и дека приходите ги заработува од студентска стипендија.

greta thunberg

         Photo by Carlos Roso on Unsplash

Нејзиниот прирачник за климатски промени наречен „Книга за климата“ ќе биде објавен наскоро. Таа посочи дека ќе ги донира парите од продажбата на оваа публикација, па се надева дека дополнително ќе ја поттикне дебатата за климатските промени.

„Убаво е да се има пари, но ако ги донирам, на пример, за зачувување на природните живеалишта, тогаш можам да поттикнам дебата за тие прашања“, рече таа во интервју за магазинот „Тајмс“.

Запрашана дали воопшто ќе заработи од продажбата на споменатата книга, одговори дека ќе биде така доколку ја преведе од англиски на шведски. Книгата е напишана на англиски јазик. И покрај тоа што е позната низ целиот свет, Тунберг не мисли дека е влијателна. Исто ниту дека ги користи придобивките што ги носи популарноста.

„Кога станува збор за уметници или инфлуенсери, тие можат да заработат пари, а луѓето не се лутат на нив. Јас не можам да го правам тоа“, истакна таа.

Таа исто така тврди дека не користи такси, дека секогаш си резервира билет за воз и сместување и дека секогаш си носи своја храна. Коментирајќи го наводот дека тајно има богатство од еден милион долари, таа рече дека тоа е затоа што добила награди во вредност од еден милион евра.

„Освоив многу повредни награди, но ги донирав парите. Се разбира, тоа не ги интересира“, додава таа.

Други содржини кои можеби ќе те интересираат