Се реализираше едукација на инспектори за специјални случаи на аерозагадување
март 13, 2024

Во денешно време контролата над спроведувањето на законските обврски и прекршувањето на одредбите пропишани во законодавството се едни од најважните механизми за функционирањето на системот и доследното спроведување на законодавството. Во 2022 година, Собранието усвои Закон за инспекциски надзор во животна средина со кој се уредуваат планирањето и спроведувањето на инспекцискиот надзор во животната средина, правата и обврските на инспекторите, но и остварувањето соработка во инспекцискиот надзор во областа на животната средина.

Но и покрај тоа, инспекциските служби, особено на локално ниво, имаат потреба од постојано подобрување на капацитетите, особено во однос на спроведувањето на инспекцискиот надзор.

Проектот „Справување со аерозагадувањето“ ги идентификуваше овие потреби и во рамките на тренинг програмата реализираше и тренинг за едукација за специјални случаи на аерозагадување. Тренингот опфати едукација за новиот Кривичен законик според кој, со новите измени на Кривичниот законик кои ќе стапат на сила на 15.3.2024 година, се воведени нови еколошки кривични дела со кои дополнително се врши заштита на екосистемите, вклучително и воздухот, а тоа се: Недозволено работење на постројки, Екоцид и др. Покрај тоа, присутните учесници имаа прилика подетално да се запознаат со методите за вештачење и поставување со еколошките кривични дела кои се надлежни органи во постапките за откривање, но и кои се трите основни фази за криминалистичката обработка.

Освен тоа, и вештачењето за здравствените последици како еден од важните елементи беше исто така елаборирано, особено во однос на поврзаноста на аерозагадувањето со одредени болести, загадувањето од различни извори и поврзаноста со здравствените ризици кај луѓето. Потребата од бројни податоци и информации, како и прибирањето на статистички информации беа едни од главните насоки кои беа презентирани како корисни во процесите на вештачење. Тренингот имаше информативен, но пред сѐ и многу едукативен карактер, чија содржина учесниците ја оценија како многу корисна во својата понатамошна работа.

 

Повеќе информации од тренингот може да најдете овде

 

*Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ кој го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините Гостивар, Кавадарци, Куманово, Струга и Струмица. Овој проект е дел од Програмската рамка на УНДП, финансирана од Шведска. Во рамки на програмата исто така се спроведува и проектот „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти“.

Други содржини кои можеби ќе те интересираат