Тренинг за инспекциски надзор во специјални случаи
март 13, 2024

Тренингот на тема „Едукација за специјални случаи на аерозагадување” се одржа на 16.02.2024 година во просториите на Државен Инспекторат за животна средина (ДИЖС). На обуката присуствуваа 30 учесници претставници на пилот општините дел од проектот (51% жени).

Тренингот го отвори Директорот на ДИЖС, г-дин Сретен Стојковски, а потоа, Бојана Станојевска Пецуровска, обезбеди краток вовед во тренингот и темата.

Тренингот го спроведоа Проф. Д-р. Михаил Кочубовски од Институт за јавно здравје и Проф. Д-р. Марина Малиш Саздовска, од Факултетот за безбедност во Скопје, а им овозможи на учесниците да се запознаат со специјални случаи на аерозагадување и како да се води постапка при појава на вакви случаи.

За таа цел од исклучително значење за оваа работилница беше присуството на претставници на Општината кои работат во секторот за инспекциски надзор во животна средина.

Генерално, тренингот помина во работна атмосфера, каде што сите учесници покажаа посветеност и заинтересираност за темата, што всушност го потврдува и спроведената евалуација. Информациите кои ги стекнаа им овозможија продлабочување на знаењата, но и нови информации и насоки кои ќе им користат.

Погледнете ја агендата и тренинг презентациите:

Други содржини кои можеби ќе те интересираат