Како топлото време може да влијае на квалитетот на воздухот?
јули 24, 2023

Временските услови имаат влијание на квалитетот на воздухот, но како? Зависи – некои видови на загадување се полоши во летните горештини, додека други се полоши во студената зима. Истите атмосферски услови кои создаваат временски прилики – притисокот на воздухот, температурата и влажноста – исто така влијаат на квалитетот на воздухот. Бидејќи е лето, ќе зборуваме само за факторите топло, ветер и воздушен притисок и како тоа може да влијае на квалитетот на воздухот.

air quality-hot weather

                        Photo by NASA

Ветер и воздушен притисок

Бидејќи воздухот е речиси секогаш во движење, загадувањето на воздухот лесно се транспортира од една област во друга. На пример, студиите во 1980-тите открија дека сулфур диоксидот од согорувањето на јагленот во долината Охајо се пренесува на големи растојанија од ветрот. Ова предизвика кисели дождови да паднат во регионите на источните САД и Канада до илјадници километри подалеку. Киселиот дожд предизвикува „мртви езера“, каде што киселите езерски услови го спречуваат развојот на рибините јајца. Слични ефекти од согорувањето на јаглен се откриени во Европа.

Краевите со низок воздушен притисок носат влажни и ветровити услови. Во Македонија има места кои се со понизок воздушен притисок или пак по ветровити места. Разликите во воздушниот притисок и ветрот можат да ги пренесат задавуачите во друга област и да креираат ведро небо над нашите глави, но важно е да се забележи дека загадувачите се уште постојат – но се преместени на нова локација.

Спротивното важи за системите под висок притисок, кои можат да создадат застоен воздух. Кога воздухот ќе престане да се движи, загадувачите како што се издувните гасови од возилата и фабриките се концентрираат на одредена област.

Температура, сончева светлина и влажност

Температурата на воздухот влијае на движењето на воздухот, а со тоа и на движењето на загадувањето на воздухот. Бидејќи енергијата од Сонцето се апсорбира од површината на Земјата, воздухот во близина на земјата е потопол од воздухот што е подалеку во тропосферата. Потоплиот, полесен воздух на површината се крева, а постудениот, потежок воздух во горната тропосфера тоне. Ова е познато како конвекција и ги придвижува загадувачите од земјата на повисоки надморски височини.

Топло време

Некои загадувања, како што е озонот на ниво на земја, се создаваат поефикасно во сончево и топло време. Реакциите кои создаваат штетен озон во нашата атмосфера бараат сончева светлина. Во летата и особено за време на екстремни топлотни бранови, озонот често достигнува опасни нивоа во градовите или блиските рурални области.

Влажноста може да помогне да се намали загадувањето со озон, но во лето ја нема премногу. Попладневните облаци со грмотевици ја блокираат сончевата светлина, предизвикувајќи забавување на производството на озон во текот на денот, додека влагата од бурата го уништува озонот што се формирал.

Топлотните бранови често доведуваат до лош квалитет на воздухот. Екстремната топлина и стагнантниот воздух за време на топлотниот бран ја зголемуваат количината на загадување со озон и загадување со честички. Во услови на суша и за време на топлотен бран, почвите се многу суви и има повисоко ниво на прашина. За време на суша, и шумските пожари се почести со што се зголемуваат концентрациите на јаглерод моноксид и честички во атмосферата.

Други содржини кои можеби ќе те интересираат