Загаденоста на воздухот во Гостивар: Биомасата и правот ‒ главни извори
мај 5, 2025

                                  Фото: globi.mk

Според финалниот извештај од студијата за утврдување на изворите на загадување на воздухот во Гостивар, најголем придонес во загадувањето имаат согорувањето на биомаса (26 %) и минерална прашина од градежни активности и патишта (28 %). Студијата, спроведена од лабораторијата AMBICON при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, беше дел од проектот „Справување со загадувањето на воздухот“. Истражувањето е дел од пошироката иницијатива финансиски поддржана од Шведска, а има за цел да помогне во планирање и имплементација на ефективни политики и мерки за унапредување на квалитетот на воздухот.

Клучни наоди:

Студијата потврдува дека загадувањето е локален проблем, засилен од метеоролошките услови (слаби ветрови) и антропогените активности. Препорачаните решенија вклучуваат подобрување на системите за греење, контрола на прав од градежни активности и нови зелени површини.

Оваа студија е значаен чекор кон создавање ефективни стратегии за подобрување на квалитетот на воздухот во урбаните средини.

Целиот извештај може да се симне овде

Други содржини кои можеби ќе те интересираат
април 23, 2026
До чист воздух со правилно управување со отпадот