Тренинг за урбанистичко планирање и заштита на животна средина
март 25, 2024

Тренингот на тема: „Урбанистичко планирање и заштита на животна средина” се одржа на 14.03.2024 година во просториите на Салата на Советот на Општина Струга. На обуката присуствуваа 30 учесници претставници на пилот општините дел од проектот, од кои 16 мажи и 14 жени.

Тренингот го отвори претставник на УНДП, г-ѓа Александра Димова, а потоа, Бојана Станојевска Пецуровска, обезбеди краток вовед во тренингот и темата.

Тренингот го спроведоа Проф. Д-р. Бујар Демјаха од ААБ Колеџ од Пришитина и Емина Рустемоска, од Општина Струга, а им овозможи на учесниците да се запознаат со со добри пракси за урбанистичко планирање со цел подобра животна средина и намалување на аерозагадувањето.

За таа цел од исклучително значење за оваа работилница беше присуството на претставници на Општината кои работат во урбанизам, комунални дејност, локален економски развој и животна средина. Според нив тренингот помина во работна атмосфера, каде што сите учесници покажаа посветеност и заинтересираност за темата, што всушност го потврдува и спроведената евалуација. Информациите кои ги стекнаа им овозможија продлабочување на знаењата, но и нови информации и насоки кои ќе им користат.

Погледнете ја агендата и тренинг презентациите:

Други содржини кои можеби ќе те интересираат